433
„Оставка“, „Кај ви е началникот“, „Имате ли деца“, „Држава полициска“ – ова го извикуваат над илјада демонстранти пред владата.
Тие излегоа на протест по објавените аудиоматеријали од страна на опозицијата, кои покажуваат дека власта се обидела да ја скрие целата вистина околу убиството на Мартин Нешковски.
Во знак на револт, демонстрантите фрлаат со јајца кон владината зграда, при што новата фасада е уништена, а дел од прозорите се искршени.