506
Под мотото „Не сте безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“, повеќе здруженија за заштита на животните и поединци – активисти се собраа пред седиштето на Владата на протест.
Револтот е очекуван по последните случувања со кучињата скитници во Струга, кога беа застрелани неколку бездомни животни.
„И кучињата си одат од државата од вашата неспособност“, „правда за искасаните луѓе и убиените кучиња“, беа само дел од пораките кои ги испратија здруженијата за заштита на животните.