504
Пред неколку минути започна најавениот протест пред кичевскиот суд против казната на Ел Чека. Десетици приврзаници стојат пред кичевскиот суд со транспаренти на кои пишува „Не осудувај ги оние кои пријавуваат криминал“, пренесува АлсатМ.
Инаку, Ел Чека, кој е по потекло од Кичево, а живее во САД, објавуваше на фејсбук прислушувани разговори од поранешни и сегашни функционери. Се товари за неовластено прислушкување и тонско снимање.