Неколку илјади граѓани денеска се собраа пред редакцијата на весникот „Информер“ во србија, на протестот организиран од здружението „Женска солидарност“ поради интервјуто со повеќекратниот силувач Игор Милошевиќ објавено во овој весник.
Тие извикуваа пароли „Лути сме“, „Срање“ и носеа бројни транспаренти: „Ако се плашите од темнината, ќе го запалиме и овој град“, „Женската траума не е избор на приходи“, „Многу сме лути“. Се слушаа и пароли со кои се бара затворање на овој весник.
Протестот заврши со настап во кој организаторите го истакнаа односот на таблоидите кон случаите на насилство врз жените. Кон крајот на протестот присутните извикуваа „Се гледаме повторно“. Некаде после 14 часот и 30 минути, толпата почна да се растера.
Меѓу насобраните беа Срѓан Миливојевиќ од Демократската партија, активистката Аида Ѓоровиќ, како и Добрица Веселиновиќ и Билјана Ѓорѓевиќ од Не давимо Белград.
Во редакцијата на овој весник беше забележливо присуство на членови на полицијата.