Протест пред Идризово за ослободување на брат Љубе

by Фокус

Иако полицијата на еден километар пред затворот Идризово ги запре возилата на приврзаниците на Љубе Бошкоски, но и на медиумите, сепак тоа не ги спречи пеш да стигнат до затворот и да го одржат протестот. Сопартијците, пријателите и активистите бараат директорот на Идризово Живко Пејковски денеска или утре да потпише ослободување на Бошкоски, 90 дена пред истекот на казната. Ова му следува на секој затвореник за добро однесување.

Граѓаните кои протестираат носат знамиња на партијата Обединети за Македонија, како и слики од Љубе Бошкоски. Тие се сомневаат дека му се врши притисок на директорот Пејковски да не го потпише решението за ослободување на Бошкоски.

На протестот се пристутни и поранешни бранители, а меѓу нив е и Стојанче Ангелов. Адвокатот на Бошкоски, Кратовалиев, влезе во затворот за да се види со својот клиент и да го достави барањето за ослободување на 90 дена пред истекот на казната, поради добро поведение на осудениот.

 

Фото: НОВА ТВ

Поврзани новости