414
Жителите на Гази Баба денеска одржаа протест против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Општина Кисела Вода во простории на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“, во населбата Маџари.
Учесниците на протестот ја блокираа главната улица „Перо Наков“ со транспаренти со кои бараат властите да се повлечат од идејата, бидејќи според нив, тоа треба да се направи на поизолирано место, а не среде населба каде има градинки и училишта. Сметаат дека и локалната власт треба да организира референдум за ваквата одлука, велат, градоначалникот не добил мандат за тоа.
Ако локалната и централната власт не го прифатат нивното барање жителите од населбата најавуваат радикализација на протестите.