Германските земјоделци денеска со трактори блокираа неколку автопати, незадоволни од последното намалување на субвенциите за дизел гориво и земјоделска механизација.
Укинувањето на субвенциите е планирано како дел од владиното решение за „дупката“ во државниот буџет за 2024 година, со цел да се спречи финансиската криза предизвикана од судската пресуда која создаде голема буџетска дупка од околу 17 милијарди евра.
Коалицијата на социјалдемократите, зелените и слободните демократи неколку недели преговараше за буџетот, откако Врховниот суд ја поништи одлуката за прераспределба на 60 милијарди евра.
Владата во четвртокот делумно попушти и изјави дека ќе го задржи даночното ослободување за земјоделските машини и дека субвенцијата за дизел гориво ќе биде продолжена за уште три години.
Во некои области на земјата земјоделците утринава ги блокираа автопатите со трактори, а планиран е и протест пред Бранденбуршката порта во Берлин, како и низа други акции на трактористи ширум земјата.