56
Вработените од Македонска пошта денеска излегоа на протест, со барање да им се исплати платата за април и итно да се отпочне со реформи за реорганизација на претрпијатието. Тие најавија и штрајк од следниот месец.
Вработените стравуваат дека ќе останат без работа поради финансиската криза и лошата организација на претпријатието.
Синдикалните претставници бараат повеќе вработени во технолошкиот процес, наместо 15 директори во 15 подружници.
Тие досега неколку пати излегоа на протест барајќи реформи во прептријатието, кои би генерирале поголеми приходи, а со тоа и би ја стабилизирале состојбата во претпријатието.