Протест на вработените во Македонска филхармонија со инструменти пред Влада

by Fokus

Денеска во 14 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе протестираат пред Владата, бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјата.

„Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но, од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту пак се заложија за промена на штетната одлука” велат оттаму.

Денеска, вработените ќе протестираат со инструменти, без разлика на временските услови, под шатори, кои ќе бидат поставени на улицата пред Владата.

Протестите продолжуваат и нема да запрат се додека државата не ја промени одлуката “привремено” да смести уште една институција во објектот на Филхармонија, се наведува во соопштението.

Поврзани новости