Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Скопје денеска под блокада од 12.30 до 14 часот

by Fokus

Довчерашните протести на опозицијата против политиките на актуелната владеачка гарнитура, особено кон Бугарија, од денеска прераснуваат во блокада на Скопје. Низ улиците на главниот град, според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, автомобилската протестна поворка ќе биде од 12.30 часот до 14 часот на рута од Министерството за надворешни работи до Владата.

– Заев молчи и не кажува за што се преговарало на тајните разговори во Софија овој викенд. Според нас, Заев сакал да прифати ретуширана историја, откажување од јазикот и македонското малцинство. Тоа значи дека Заев е спремен на ново предавство. Молкот на премиерот во заминување, но и на Димитров, на Османи, на Шекеринска, на цела влада и на цел СДСМ, гласно говори дека оваа однародена власт преговара за идентитетот, за јазичната и национална посебност, за историјата и за антифашистичките столбови на македонската државнос, е наведено во дописот на опозициската партија.

Поврзани новости