Студентски пленум најави протест за вечерва во 19 часот, со кој ќе побара да се поништат изборите за претседател на Студентскиот парламент при УКИМ.
Тие воедно ќе побараат и одговорност од Министерството за внатрешни работи, поради како што велат, неоправданото насилство врз нивни членови за време на вчерашната блокада.
„Бараме сите претставници на Студентскиот парламент, да бидат отстранети од органите и телата на Универзитетот. Воедно, ќе покренеме дисциплински постапки против сите студенти кои се евидентирани како на матични факултети вршат насилство. Дополнително, бараме Универзитетот да не го признае овој срамен, фалсификуван резултат на студентските избори и да застане на страна на студентите. Безбедноста на студентите вчера, за време на кампусот, и овде со присуствотото на ЕБР и нивната примена на сила врз нас, е кулминација на однесувањето кое Универзитетот не смее да го дозволи тоа“, изјави студентката Ивана Туфегџиќ од Пленум.