Протест на хрватските новинари: Ни ги одзедовте медиумите, не го даваме новинарството

by fokus

Хрватските новинари денеска под мотото „Ни ги одзедовте медиумите, не го даваме новинарството“ имаа протестен марш, а своите осум барања против цензурата ги доставија до Универзитетот Загреб  и до Владата.

Тие порачаа дека доста е прогон на новинарите и ја повикаа Владата конечно сериозно да ја сфати таа тема и нивните проблеми.

– Доста беше прогон на новинарите, доста е од уништување на јавната професија, што трае со децении, изјави претседателот на Хрватското новинарско друштво (ХНД) Хрвоје Зовко пред Новинарскиот дом.

Тој додаде дека Владата „игнорантски се однесува, бидејќи мисили оти игнорирањето е решавање на проблемите“. Зовко наведе дека тоа го правеле и претходните хрватски влади со што се уништува новинарството.

– Живееме во земја каде новинарите се осудуваат поради објавување на вистинити информации, па поради тоа, време е да кажеме доста е, истакна Зовко.

Тој им се заблагодари на сите кои беа на протестот, а ги поздрави и присутните новинари од Србија и од Босна и Херцеговина, потенцирајќи оти „покажале човечка и новинарска солидарност“.

– Не можете да не тужите колку што ние можеме да зборуваме, тоа на сите им е јасно, истакна Зовко.

Тој повтори дека во Хрватска во моментот се водат најмалку 1.163 судски процеси против новинари и нивните медиумски куќи, а „јавниот сервис води крстоносна војна против новинарите, медиумите и ХНД“.

Поврзани новости