Протест на граѓаните кои не користат парно, но мора да го плаќаат

by Фокус

Граѓаните кои се исклучени системот на парно греење, а добиваат сметки, но и тужби да платат за нешто што не го добиваат, денеска во 12 часот ќе излезат на мирен протест на плоштадот Пела.  Овие граѓани кои се чувствуваат измамени од денеска имаат поддршка и од останатите граѓани и невладини организации, како  ЦИВИЛ.

„Ги повикуваме сите наши членови и поддржувачи да се приклучат кон протестот кој ќе се одржи во сабота на 21 март на плоштадот Пела, со почеток во 12 часот. Група граѓанки и граѓани се спротивставија на неуставните и незаконски одредби кои фирмата БЕГ ги користи на исклучените да им доставува фактури, да ги тужи и да ги ограбува, како што велат од иницијативата“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Протестите ќе продолжат секоја наредна сабота се додека не се најде решение за жителите кои се оштетени од компанијата БЕГ, која управува со парното греење во Скопје. Повеќе од 16,000 семејства се мета на долгогодишно малтретирање, казнување и противзаконска наплата на долгови кои воопшто не ги направиле.

Поврзани новости