Протест и блокада на „Дрисла“

by fokus

Под мотото „15 минути за чист воздух“, иницијативата „Здружени за чист воздух“ денеска ќе излезат на краток, предупредувачки протест и блокада на влезот на депонијата „Дрисла“.

Блокадата симболично се организира од 12:05 до 12:20 часот, бидејќи сметаат дека работата веќе доцни, односно е дојдено времето „10 минути по 5 до 12“.

„Ова е само почеток, не се планира голем протест, туку е опомена. Ќе се постават барања и одредени прашања до надлежните институции, кои ќе мораат да поведат малку сметка што влегува во државава, што се пали во државава, од каде потекнува загадувањето. Според нас, ова е блокада на изворот на загадувањето. Ние не можеме да тврдиме со сигурност дека ‘Дрисла’ загадува најмногу, но не можеме да кажеме и дека не е загадувач. ‘Дрисла’ е загадувач, имаше веќе снимки. Кај нас веќе не ‘палат’ работи од типот дека ‘имало дефект’ или ‘не ни работи печката’“, вели Марјан Ненов, дел од „Здружени за чист воздух“.

 

Поврзани новости