296
Струшката полиција протера 11 државјани на Албанија, кои престојувале во импровизирани живеалишта кај депонијата во Струга, а постои и можност да се поврзани со пожарот, информираа од Секторот за внатрешни работи Охрид.
„На 25-ти овој месец, полициските службеници ги затекнаа единаесетте албански државјани на депонијата во Струга каде имале направено импровизирани живеалишта и од каде собирале пластичен отпад. Истиот ден, поради можна поврзаност со случениот пожар на депонијата, повикани се на разговор во полициската станица во Струга“, велат од полицијата.
Поради утврден нелегален престој и работа, надлежните им изрекле забрана за влез во Македонија во период од една година. Сите 11 лица, информираа, се пренесени до граничниот премин.