Протекол покривот на Ковид центарот на Клиниката за нефрологија

by Fokus

Во текот на денешниот ден протекол покривот на ковид центарот на скопската Клиника за нефрологија, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, водата протекла во една од собите, каде што имало пациенти, но тие биле веднаш згрижени. Нашите извори тврдат дека покривот на клиниката бил планиран да се смени во текот на август месец, но по четвртиот бран и новиот наплив на заразени пациенти, таквата одлука била променета. На клиниката биле хоспитализирани двајца пациенти, кои биле симнати на Клиниката за неврологија.

Се обративме официјално и до министерството за здравство, од каде што се уште чекаме одговори.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.

И.М.

 

 

Поврзани новости