Протекоа тајни документи од американските служби: Што доколку Украина ја нападне Русија?

by fokus

Њујорк Тајмс пренесува детали од протечен документ од американските служби во кои се анализираат хипотетички сценарија за војната во Украина.

Според документот, доколку умре украинскиот претседател Володимир Зеленски, ЕУ би можела да го ограничи снабдувањето со оружје и воена опрема за Украина.

Понатаму, се анализира и што би се случило доколку Украина го нападне Кремљ. Има широк опсег на потенцијални последици, а нападот може да доведе до ескалација, при што Путин може да одговори со покренување целосна воена мобилизација и размислување за употреба на тактичко нуклеарно оружје.  Другата можна опција според документот е дека стравот кај јавноста може да го натера да преговара за решавање на војната.

Во анализата се наведува дека ликот на Зеленски како претседател е клучот за „внатрешната и надворешната поддршка“ за акциите на украинските власти од Западот.

Поврзани новости