Албанскиот „Тетова експрес“ и уште неколку портали објавија список со имињата на 12 од 14 загинати пациенти во пожарот во модуларната болница во Тетово, кој изби на 8-ми септември годинава.
Притоа, оваа листа на фејсбук ја сподели и поранешниот амбасасор и политички аналитичар Арсим Зеколи.
Инаку, имињата на жртвите досега официјално не се објавени од страна на институциите како што било пракса во други слични несреќни случаи, со образложение дека на пациентите им се гарантира приватноста.
Како што објаснија од Владата за Фокус, станува збор за пациенти и нивната приватност и идентитет се заштитени согласно закон.
„Дополнително, случајот е под истрага на Обвинителството. Институтот за судска медицина целокупната документација ја предаде на истражните органи“, ни изјавија од Илинденска.