Пред самиот почеток на Олимписките игри во Париз, трикратната олимписка шампионка во коњички спортови, Шарлот Дужардин (39) се повлече од Игрите поради објавено видео, на кое се гледа како британската трофејна спортистка безмилосно го камшикува и малтретира нејзиниот коњ за време на тренинг.
Дужардин се изјасни за невина и рече дека чинот е „тотално надвор од нејзиниот карактер“ и дека тоа е „грешка во проценката што не го одразува начинот на кој таа ги тренира своите коњи и ученици“.
That’s not an error of judgement, that’s habitual. Fuck Charlotte Dujardin. I hope her career and reputation is in the bin forever. pic.twitter.com/NgZ77vKX00
— Gavin Wilson. (@GavWilson) July 24, 2024
„Сепак, нема оправдување за ова. Длабоко сум засрамена и искрено жалам“, рече Дужардин, додавајќи дека инцидентот се случил пред четири години.
Сепак, очевидци велат дека видеото е направено пред две и пол години и тоа затоа што било забележано дека Дужардин често брутално се однесува со своите коњи. Олимпијката, која освои шест олимписки медали (три златни), требаше да се натпреварува во поединечни и екипни настани во Франција.
Таа беше привремено суспендирана на шест месеци од Меѓународната коњичка федерација (ФЕИ) и извршниот директор на британската коњичка служба Џим Ејре рече: „Како чувари на коњичкиот спорт, ние мора да ги почитуваме највисоките стандарди за благосостојба на коњите. Благосостојбата на коњот е најважна. Обвинувањата се сериозни, а последиците се далекусежни“, рече тој.
Британските медиуми пишуваат дека ова не е изолиран случај кај Дужардин. Пред пет години беше дисквалификувана од ЕП бидејќи на страната на нејзиниот коњ беше пронајдено мало количество крв. Од ФЕИ тогаш објаснија дека тоа не подразбира никаква намера да му наштети на животното, но дека сепак го прекршила основното правило за заштита на коњите.