Протече снимка од Русковска, дел од материјалите што ги доставил Камчев за „Рекет“?

by fokus

На социјалните мрежи вчера беше објавена аудио – снимка на којашто се слуша глас кој наликува на гласот на раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска како зборува со уште едно лице, чиј глас е мутиран.

Разговорот трае нешто повеќе од една минута и на почетокот се разговара за рејтингот на обвинителството, и се коментира дека рејтингот на СЈО се зголемил поради случајот „Империја“.

Во снимката се споменува името Владимир Атанасовски што се совпаѓа со поранешниот директор на УБК, осуден на казна затвор од 6 години за организација на настаните од 27 април. За него гласот кој наликува на оној на Русковска вели „го ставив во притвор и го заборавив два месеца“.

-Нема шанса некој да биде ‘заборавен’ во притвор, затоа постојат заштитни механизми. Ако сум рекла ‘заборавен’, тоа е фигуративно кажано, изјавила Русковска за ТВ Алсат, но додава дека не знае дали е автентична.

-Не знам дали е автентична. Мислам дека е дел од снимките што Јордан Камчев ги достави за предметот ‘Рекет’. Најдобро е Камчев да го прашате за автентичноста. Не знам кој е објавувачот, изјавила обвинителката.

Камчев пак пред извесно време се спогоди со обвинителството со кое раководи Русковска да плати 5 милиони евра и да одлежи една година затвор. Тој моментално се наоѓа во отворениот затвор во Струга.

Поврзани новости