Просветниот инспекторат утврдил дека немало злоупотреба во училиштата за бадниковата поворка

by fokus

Вонредниот надзор на просветниот Инспекторат покажал дека немало злоупотреби на децата во училиштата во организацијата на манифестацијата „Бaдникови поворки“, откри  директорот на инспекторатот Томе Спировски на телевизија Телма.

-Ги разгледав записниците од сите градови и дојдов до заклучок дека училиштата не реализирале вреко делување. Логично се поставува прашањето како децата се нашле на улица, како дел од манифестацијата. Заклучивме дека се организирале преку социјалните мрежи, и на повик на невладини организации. Пристигнале заедно со родителите, а ние не можема да забраниме настани кои се одвиваат на улица, надвор од училиштето, рече Спировски.

Поврзани новости