Владата неодамна донесе одлука да го купи просторот каде првично требаше да се пресели Антикорупциската комисија, но таму нема да се смести ДКСК, туку Министерството за политички систем на чело со вицепремиерот Артан Груби, вели првиот човек на Комисијата Билјана Ивановска.
-Со Буџетот за наредна година обезбедивме средства за нови вработувања, набавка на софтвер и реконструкција на постојните простории на ДКСК, имајќи предвид дека просторот кој со одлука на Владата ни беше доделен на почетокот на 2020 година, не го добивме. Средствата наменети за купување на истиот Владата ги пренамени за здравствената криза. Надлежните министри нѐ уверија дека државата нема можности да го купи тој простор. Па ние за да го решиме проблемот со просторните услови за вработените, а уште повеќе со условите за сместување на опремата (сервери) што Комисијата ја доби преку ИПА проект, донесовме одлука за реконструкција на истиот. А неодамна Владата донесе одлука да го купи истиот простор, во кој ДКСК требаше да се пресели, но овој пат во тој простор ќе се пресели Министерството за политички систем – вели Ивановска за МКД.
Во интервјуто, таа вели дека коруптивното однесување станало начин на живот, но, како што истакнува, уште пострашни се сознанијата дека законската корупција позната како „се е по закон“.