Просто ме мрзи да зборувам за глупости, рече Цеца за насилството над жените во нејзините песни

by Fokus

Видео на авторката Ана Нинковиќ, кое е дел од испитен труд на Факултетот за драмски уметности во Белград, а целта му е да направи преглед на домашните и регионалните песни во чии текстови доминираат мотиви на женското понижување како ултимативен доказ на љубовта кон партнерот, односно машкото насилство над жените во семејно-партнерските односи, предизвика јавни реакции во регионот.

Насловено ,,Насилство над жените во домашните песни” во видеото се спомнати големи хитови на регионални турбо фолк пејачки, помеѓу кои и Цеца Ражнатовиќ, Наташа Беквалац, Лепа Брена, Сека Алексиќ, Тања Савиќ и многу други, а според авторката, во стиховите на песните се промовира и романтизира насилството.

Запрашана што мисли за овој проект во кој се спомнати и нејзини песни, фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ пред камерата на ТВ Информер отсечно одговори – Глупости! Просто ме мрзи да зборувам за глупости!
Само нешто измислуваат! Боже драги, зар во странската музика не постојат такви текстови, па сега Србите го измислиле насилството?- реагираше Ражнатовиќ.

На прашањето за нејзините стихови ,,Го сакам вкусот на твојот ѓон”, кои се најдоа во испитниот труд на Нинковиќ, таа исто бурно изреагира.

-Луѓе, луѓе, малку метафора, тоа се учи и во школо. Ѓон, па што, го бакнувате ли вие ѓонот? –го праша таа новинарот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости