168
Викендов, на 28. и 29 септември 2024 година, свечено ќе биде одбележан 100-годишниот јубилеј на храмот „Света Петка“ во Црниче, соопшти МПЦ.
Свеченоста ќе започне во сабота, на 28 септември, со Вечерна богослужба со почеток во 17.30 часот. Средишната прослава, пак, Божествената литургија, ќе биде во недела, на 29 септември 2024 година, со почеток во 9 часот.