Проширувањето на ЕУ е безбедносно прашање, ја цениме поддршката на САД за нашите евроинтеграции, му кажа Османи на Ескобар

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на средбата  со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, разговараа за  актуелните состојби во Западен Балкан.

На средбата, која се случи  на „Дубровник форум 2023“, Османи го брифираше Ескобар за планот од 9 точки за деескалација на тензиите меѓу Србија и Косово, кој го иницираше во својство на Претседавач со ОБСЕ.

 Тие разговара и за потребата од забрзување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија и земјите од регионот како споделена стратешка цел, соопштија од Министерството за надворешни работи

 “Процесот на проширување на Европската унија претставува безбедносно прашање, и оттука забрзувањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан е од клучно значење за зачувување на стабилноста во нашиот регион, но и Европа кало целина. Високо ја цениме континуираната поддршка од САД во таа насока, што е споделен стратешки интерес, но и гаранција за ограничување на влијанието од трети страни”, рече Османи. 

 Од МНР велат дека на средба е разговарано и за развојот на билатералните односи во рамки на Стратешкиот дијалог, како и за целокупната поддршка за зајакнување на демократските институции, напредок во владеењето на правото и борбата против корупција.

Поврзани новости