Проширена истрагата за двегодишната Данка Илиќ, за првпат се огласи и таткото

by Fokus

Потрагата по двегодишнaта Данка Илиќ, која исчезна во вторникот во Бањско поле кај Бор, влегува во осми ден. Истрагата е проширена и на територијата на Србија. Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција, откако се појави видео од Виена. Амбасадата на Србија ги повика сите кои ќе го препознаат исчезнатото девојче во Австрија да пријават во полиција. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора апелира до граѓаните доколку имаат информации за Данка да го известат Интерпол.

Хеликоптери МУП го надлетуваат поширокото подрачје каде што исчезна девојчето.

Специјалистички екипи на МУП ја пребараа околината на куќата, тунелот, подземните канали и шахти, шумите и не пронајдоа траги кои би укажале дека девојчето е таму.

МУП продолжува со оперативната работа.

Во исто време истрагата се прошири и во Австрија, Интерпол распиша жолта потерница. Србин кој живее и работи во Виена на улица во австриската престолнина снимил две жени покрај кои си игра мало девојче кое личи на двегодишната Данка. Криминалната служба на покраината Виена започна истрага.

Во меѓувреме, за првпат по исчзенувањето на малото девојче, се огласи таткото, Милош Илиќ.

„Јас само сакам мојата Данка да се врати дома жива и здрава. Полицијата си ја работи својата работа и јас им верувам. Ние како семејство ќе се изјасниме кога сето ова ќе заврши”, изјави тој за „Блиц“.

Малата Данка Илиќ има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Девојчето може да се препознае по обесена брадавица на левото уво и бенка со неправилна форма и малку темна боја на левата подлактица.

Поврзани новости