Просечниот живот век на Американците лани се намалил за седум месеци, се дознава од најновите податоци на Центрите за контрола на заболувањата и превенција (ЦДЦ).
Овој пад следи по оној во 2020 година, кога просечниот животен век на Американците се скратил за 1.8 години. Така, се дознава од извештајот на ЦДЦ, должината на очекуваниот животен век на некој роден во САД сега е 76.4 години, или најкратко во изминатите речиси две децении.
Ковид-19 и предозирањето со наркотички средства, пред сѐ синтетичките опиоди како фентанол (се даваат на рецепт како лекарства против болки) се најголемите причинители за намалениот животен век во САД.
Според ЦДЦ, од пандемијата лани во САД починале 417.000 лица, повеќе и од 2020 година, со што Ковид-19 е третата водечка причина за смрт втора година по ред. Водечката причина за смрт во САД се срцевите заболувања, по нив причина за смрт се такви заболувања како рак, дијабетис и бубрежни болести.
Во меѓувреме, починувањата предизвикани од Алцхајмерова болест, пневмонија и грип се намалиле, затоа што пандемијата беше најкритична за лицата во подмината возраст, се дознава од извештајот.