Просечната плата зголемена за 16,4 отсто, достигна 40.000 денари

by Fokus

Во декември минатата година била исплатена просечна месечна нето-плата по вработен од 39.998 денари. Просекот во бруто износ 60.036 денари, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, а во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4, наведено е во информацијата. Што значи, за една година просекот на платата се зголемил за 16,4 проценти.

Ваквото зголемување првенствено произлегува од растот на просечната нето-плата во три сектори. Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување придонесува со 27,5 проценти, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 27,1 и градежништвото со 21,8 насто.

Споредено, пак, со ноември, месечен раст на просечната исплатена нето-плата по вработен е забележано во градежништво од 9,7 насто, во уметност, забава и рекреација – 9 и во секторот рударство и вадење на камен – 8,6 проценти.

Поврзани новости