Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика.
Согласно најновите податоци забележан е раст во однос на септември 2023 година од 9,8 проценти.
– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,6 отсто, Преработувачка индустрија за 11,7 проценти и Уметност, забава и рекреација со 11,4 отсто – соопштуваат од ДЗС.
Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,8 проценти, Административни и помошни услужни дејности 5 отсто и Преработувачка индустрија 2,8 проценти.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари.