Двајца Британци и еден Мароканец заробени од руските сили во Украина се осудени на смрт, објави новинската агенција РИА Новости.
Двајца Британци и еден Мароканец, што се бореле за Киев добија смртна казна од проруски суд во Донбас.
Суд во Доњецк осуди на смртна казна три лица, кои дошле во Украина за да им се придружат на украинските сили против Русија. Британските државјани Ејден Аслин и Шон Пинер, како и мароканскиот државјанин Саадун Ибрахим, во четвртокот беа прогласени за виновни како ,,платеници што се обиделе да ја преземат власта со сила од страна на Народната Република Доњецк.