Проруски навивачи го преселија таткото на Ѓоковиќ од трибини пред телевизор

by Фокус

Новак Ѓоковиќ денеска игра полуфинале на Австралија опен против Томи Пол, но неговиот татко нема да го гледа мечот од трибините.

Срѓан Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието во јавноста откако по четвртфиналниот меч се сликаше со српски навивачи кои имаа руски знамиња и слики со Владимир Путин.

Тоа беше оценето како јавна поддршка за Русија и политичка пропаганда која нема врска со спортот.

Таткото на Ѓоковиќ изјави дека немал намера да предизвика реакции и дека не сака да биде пречка на патот на неговиот син на Австралија опен и денешното полуфинале ќе го гледа пред телевизорот, а не на трибините.

-Тука сум само како поддршка на мојот син, немав намера да предизвикам наслови и да бидам пречка. Во тие моменти бев надвор со навивачите на Новак, нешто што го правев после сите мечеви на син ми. Сакав само да ја прославам победата и да се сликам со нив. Немав намера да се плеткам во нешто политичко. Моето семејство го преживеа ужасот на војната и ние сакаме само мир. За да не бидам никаква пречка на мојот син во полуфиналето, решив мечот да го гледам од дома – изјави тој.

Поврзани новости