Проруската партија победи на клучните избори во Грузија

by Fokus

Владејачката партија Грузиски сон победи на изборите.

Партијата Грузиски сон којашто опозицијата ја обвинува за проруски наратив, освои 53 отсто од гласовите наспроти 38,28 за блокот од четири проевропски партии, објави синоќа изборната комисија.

„Како што покажаа резултатите објавени од Централната изборна комисија, Грузискиот сон освои солидно мнозинство во новиот парламент, изјави за новинарите извршниот секретар на партијата Мамука Мдинарадзе.

Првиот странски лидер кој реагираше на изборните резултати беше унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја поздрави големата победа на владејачката партија.

Брисел предупреди дека од исходот на овие избори ќе зависат шансите таа поранешна советска република на Кавказ, со околу четири милиони жители, дали ќе се приближи до ЕУ.

Поврзани новости