Пророштва на Апасиев: Левица ќе има двоцифрен број пратеници во следниот мандат, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени Уставот

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги внесат Бугарите во Уставот по следните парламентарни избори, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Тој предвидува дека во следниот парламентарен состав Левица ќе има двоцифрен број на пратеници.

-Ќе биде интересно во Собрание. ВМРО-ДПМНЕ сега се божемски тврд орев додека не дојдат на власт, но кога ќе дојдат ќе го сменат Уставот. Јас се ежам од тој 8 број, осум пребегаа кога се гласаше преспански договор, или ги уценија, или ги земаа. И сега осуммина не гласа за амнестијата. Се надевам нотарските изјави кои ги даваа ќе додржат во овој мандат. Ама за следниот не се надевајте. Следниот мандат ќе биде променет уставот од страна на ВМРО-ДПМНЕ – рече Апасиев во интервју за ТВ24.

Тој претходно предвиде дека Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата.

-Јас имам политичко знаење, моите пророштва се остварауваат во 90 отсто до случаите – рече тој

Во врска со превирањата во ДУИ, тој рече дека Ахмети направил грешка што допуштил „огнените“ да формираат фракција.

-Велемајсторот Али Ахемти ја направи првата грешка што ќе го чини многу, а тоа е што не ги исклучи „огнените“. Партија не смее да си дозволи фракции. Мора да имате контрола. Ова ги ослабе многу ДУИ. Тоа не е партија, туку мафија. Сега ги имаме овие што го држат подземјето, и Ахмети кој има неприкосновен модел на УЧК командат. Може сега да ги пушти низ вода со кривични пријави, а овие да му вратат. Ќе биде интересно – рече Апасиев.

Поврзани новости