Пропадна улица зад Универзална сала во Скопје

by Fokus

Пропадна улицата „9 Мај“ зад Универзална сала во Скопје поради градежните работи за нова зграда, јавува „СДК.мк“.

Оттаму велат дека од градилиштето за зградата блокирана е пола улица, зашто е заградена со лимени тараби. Делот од улицата кој е влезен во градилиштето е пропаднат и земјата под асфалтот се свлекува.

„Отиде дел од улицата. Од самиот старт на градежните работи се работи без заштита односно не се изведени шипови, постојано се вади води и се свлекува земјата. Стравуваме дека е нарушена стабилноста на околните згради и куќи“, велат жителите на улицата.

На местото гради зграда фирмата „Бинјапи инжинеринг“.

Градителот веќе еднаш доби забрана за вршење градежни работи од Општина Центар, токму поради тоа што копа дупка без да направи заштитна јама за обезбедување на соседните парцели, но, и покрај забраната, градителот ја искина жолтата лента и продолжи да гради.

 

Поврзани новости