Грчката компанија „Архиродон“ која победи на тендерот за Чебрен не ја продолжи банкарската гаранција која истече на 31 декември. Додека траела гаранцијата тие требале да потпишат договор со ЕСМ за заеднички вложувања. Тоа не било направено, а МЖС на 14-ти декември ја потсетило грчката компанија, но таа не реагирала.
– Согласно регулативата и тендерските услови, немаме услови да ја активираме банкарската гаранција – рече министерката за животна средина Каја Шукова.
,,Архиродон“ поставиле одредени услови, бидејќи со сегашните, како што образложиле немале добри можности да обезбедат средства од банките за да го градар „Чебрен“, но дополнителните барања кои не биле дел од тендерот, Владата не можела да ги прифати.
„Одлучивме условите да останат како во тендерската документација. Очигледно компанијата со овие услови не можеше да обезбеди заеми од банките, со оглед дека се работи за голема финансиска конструкција од милијарда евра“, изјави Шукова.