452
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Телма откри дека било планирана голема церемонија за кревање на македонското знаме во седиштето на НАТО, но поради корона вирусот тоа нема да се случи на планираниот датум.
-Беше планирано на 2 април да се направи една голема церемонија за кревање на македонското знаме во НАТО, како триесето знаме во кругот. Планирано беше од Македонија да отиде една огромна делегација: еден авион со функционери сегашни и поранешни, кои дале придонес кон НАТО интеграцијата и еден авион со новинари.
За жал, корона вирусот тоа го оневозможи. Како и секогаш, така и овој пат го одиме потешкиот пат, рече Пендаровски.