Пропадна кредитот од 65 милиони евра наменет за изградба на Бошков мост

by fokus

Изградбата на хидроцентралата „Бошков мост” е прекината бидејќи Европската банка за обнова и развој ги повлече 65-те милиони евра кои беа наменети за проектот. Од таму велат дека проектот е откажан бидејќи поминале роковите и не биле исполнети условите за градење.

Кредитот во износ од 65 милиони евра наменет за изградба на Бошков Мост, хидро- централата во Националниот парк Маврово, беше достапен пет години и користењето на истиот истече бидејќи не беа задоволени условите за негово реализирање. До сега, нема никаков префрлување на средства по овој проект и кредитот е откажан“ – велат од Европската банка.

Наспроти ова, пак, од ЕЛЕМ за 24 Вести велат дека сепак нема да се откажат од проектот Бошков мост, бидејќи според нив, хидроцентралата има големо значење за домашното производство на електрична енергија.

-Ние ги разгледуваме можностите како понатаму да продолжиме со овој проект. Не се откажуваме – порачаа од ЕЛЕМ.

Поврзани новости