0
Во грчкиот парламент ниту еден од кандидатите за нов претседател на земјата не успеа да ги собере потребните 200 гласа од вкупно 300 пратеници“ пренесува грчка „АНА-МПА“.
Екс-претседателот на парламентот Костас Тасулас, кој е предложен од Нова демократија, доби 160 гласа.
За Лука Кацели, предложен од СИРИЗА гласаа 40 пратеници.
Кандидатот на ПАСОК, Тасос Јаницис собра 34 гласа, а за Константинос Киријаку, предложен од партијата Ники гласаа 14 пратеници.
Имаше 52 воздржани. Овие резултатите беа исти како и на првото гласање од 25 јануари.
Следното гласање во парламентот во Атина ќе биде на 6 февруари. Тогаш потребното мнозинство за избор на претседател ќе биде 180 гласа.