412
По трет пат се одложи рочиштето за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски во грчкиот суд.
Неколку часа зад затворени врати се одржуваше расправа, за на крајот рочиштето да се одложи поради наведени правни прашања.
Нареден датум за одржување на рочиште е 26 април и тоа повторно зад затворени врати по барање на адвокатите. Обично, ваквите рочишта се јавни.