Пропадна дел од булеварот кај Македонска пошта

by Fokus

На булеварот ВМРО во близина на Македонска пошта попладнево пропаднал дел од булеварот.

Во моментов полиција го обезбедува просторот и третата лента е целосно затворена за сообраќај, јавија ТВ21.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Во моментов нема детали за тоа која е причината за отворањето на дупката на сред сообраќајна лента на еден од најпрометните булевари во Скопје.

Фото: ТВ21

Поврзани новости