Американската приватна мисија на Месечината лансирана во понеделникот наиде на технички проблем.
Astrobotic, компанијата зад проектот, вели дека нејзиното вселенско летало Peregrine доживеало „аномалија“ што го спречило да ги насочи своите соларни панели кон Сонцето.
Без можност за полнење на батериите, мисијата нема да може да продолжи, јавува Би-Би-Си.
Првиот американски лунарен модул во последните 50 години беше лансиран денеска кон Месечината, со што започна натпревар на приватни компании во трката за испорака на нови вселенски летала на НАСА и на другите потенцијални клиенти.
Модулот Peregrine на компанијата Astrobotic Technology беше лансиран на целосно нова ракета Vulcan на United Launch Alliance (ULA).
Ракетата Вулкан полета од космодромот во Флорида пред зори и го однесе модулот во орбитата околу Месечината, а обидот за слетување е планиран за 23 февруари.
Astrobotic Technology со седиште во Питсбург има за цел да биде првата приватна фирма која успешно слетала на Месечината, подвиг што го постигнаа само четири држави.