Регионалниот ЦУК Штип соопшти дека вчера во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово било донесено неексплодирано убојно средство, а се претпоставува дека е од Првата светска војна, кое веднаш потоа било преземено од страна на пиротехничар од ДЗС Берово за негово уништување.
„Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но тоа е само делумно зашто е стапено во контакт со полицијата и сепак е несоодветна од безбедносен аспект. Поради своја безбедност и на околината, граѓаните треба да постапуваат во согласност со безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства (НУС) или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку, едноставно, да се јават на 112 во ЦУК и со НУС ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци – пиротехничари, безбедно и за нив и за сите во нивната околина“, соопштуваат од ЦУК.