Пронајдено телото на познатиот британски водител и доктор Мајк Мозли, кој исчезна во Грција

by Fokus

Во пештера на грчкиот остров Сими пронајдено е телото на познатиот британски ТВ лекар Мајкл Мозли, кој во средата беше пријавен за исчезнат.

„Можам да потврдам дека тоа е тој“, изјави за Гардијан заменик-градоначалникот Никитас Грилас.

Мозли исчезна во средата, а неговата сопруга го пријавила за исчезнат откако не се вратил од прошетка.

Мобилниот телефон бил пронајден на местото каде што престојувал кај неа. Во опсежната потрага по него учествувале полицајци, пожарникари, кучиња трагачи, волонтери и беспилотно летало.

Тој беше еден од водителите на емисијата „Верувај ми, јас сум доктор“ која се емитува на Би-Би-Си. Тој е познат и по неговите настапи на различни телевизиски емисии и водеше здравствен подкаст.

Поврзани новости