508
Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид во семејна куќа во село Вруток, каде што била пронајдена безживотна жена со повеќе убодни рани од нож.
Албанска државјанка, која била родена 1967 година, била венчана и живеела во Вруток, а засега не е познато кој ја убил.
Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот.