Пронајдено тело кое одговара на Матеј Периш, таткото се упатил кон Белград

by fokus

Во водите на Дунав денеска било пронајдено тело кое според описот и облеката одговара на исчезнатиот Матеј Периш.

Таткото на Матеј за српските медиуми изјави дека полицијата го известила дека  е пронајдено тело кое одговара на неговиот син и тој од Сплит се упатил кон Белград.

-Треба да се спореди и ДНК, но, според облеката, пронајденото тело одговара на описот на Матеј. Ете, тоа можам да ви кажам, немам ништо друго засега. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина е вистина и мораме да се соочиме со неа, јас и моето семејство. Тоа е така, ништо повеќе не можам да кажам. Многу ми е тешко, изјави Периш.

Поврзани новости