468
Машко лице на возраст од околу 20-25 години вчера било пронајдено починато, во зграда на улица „Дане Крапчев“ во Скопје.
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.