424
Безживотно тело на машко лице е пронајдено денеска попладне во десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, на потегот меѓу селата Истибања и Оризари.
Според информациите, вработените во водостопанската подружница од Кочани го запрeле дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавениот да се извлече од каналот.
Сè уште непотврдените информации се дека се работи за 29-годишно машко лице од село Истибања.
На местото на настанот се присутни стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да направат увид.