63
Телото на рударот Асим Шехановиќ, кој на 2 мај беше закопан во јама 170 метри под земја, денеска беше извлечено од рудникот Мрамор кај Тузла.
Спасувачите го пронајдоа алатот што го користел Шехановиќ во изминатите неколку дена, а потрагата по неговото тело завршила трагично, јави Радио Сараево.
Просторијата во која се случи рударската несреќа се наоѓа на длабочина од околу 170 метри, а самиот простор е тесен и непристапен за работа.
Спасувачките екипи изминативе денови работеа без престан, во многу тешки и екстремни услови.
Уривањето на земјата во рудникот се случи пред четири дена, кога затрупаниот Шехановиќ, кој беше првиот копач, остана во јамата.