Турските власти соопштија дека е пронајдено безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна на 21 август во Дијарбекир. Oттогаш се трага по детето чие тело е пронајдено во потокот Егертутмаз на 1,5 километар од селото Тавшантепе каде што живеело. Турската телевизија НТВ јави дека полицијата забранила некому да влегува или излегува од селото.
„За жал, безживотното тело на Нарин, кој исчезна во населбата Тавшантепе во областа Баглар во Дијарбакир, го пронајдоа екипи на жандармеријата“, изјави Али Јерликаја, министер за внатрешни работи на Турција.
Се наведува дека телото на малaтa Нарин е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Девојчето исчезнало кога требало да се врати со другарките, но се одвоила од нив и сама се упатила кон својот дом, каде што никогаш не стигнала.
Откако ги пребарала околните куќи, полицијата ги испрашала сите сопственици на возила кои во тој момент биле во околината, па дури и го привела нејзиниот 18-годишен брат кај кого биле откриени траги од каснување, а потоа го привеле и нејзиниот вујко Селим Гуран.
Турските медиуми објавија дека Селим ја избришал историјата на повици и СМС пораки од својот телефон по исчезнувањето на осумгодишното девојче.
Во текот на истрагата, во неговиот автомобил биле откриени ДНК траги кои и припаѓаат на малата Нарин.
Нејзиниот брат, кој имал траги од каснување, подоцна бил ослободен, бидејќи во Истанбулскиот институт за судска медицина не можеле со сигурност да потврдат дека трагите се на девојчето.