Пронајдено е момчето од Битола по кое се трагаше два дена

by Fokus

Петар Дрогришки, 25-годишното момче од Битола по кое се трагаше два дена, денес е пронајден. Веста за ,,Фокус” ја потврдија негови роднини, заблагодарувајќи се на сите граѓани за понудената помош во потрагата.

-Пред пет минути ни јавија, Петар е пронајден. Жив и здрав е, тоа е најважно, благодарни сме за на сите за помошта и поддршката – ни изјавија.

Фотографијата на Петар и апелот за негово пронаоѓање беше објавен на социјалните мрежи вчера, откако тој не се вратил дома 24 часа. Додека оваа приказна заврши со среќен крај, се уште трае потрагата по момче од Битолско Буково, кое исчезна во мај.

Станува збор за 34-годишниот Николче Николовски, кој излегол од дома со својот автомобил Форд Фиеста и му се изгубил секаков траг. До денес, не е пронајден ниту автомобилот на момчето, чии блиски за ,,Фокус” тогаш раскажаа дека станува збор за доста интелигентен човек, кој бил бил повлечен во себе, а за време на исчезнувањето носел околу 250 евра и лични документи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости